Милошоски до Џафери: Ќе ве почитуваме како пратеник, но не повеќе од тоа

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го обвини Џафери дека прифатил биде претседател на Собрание само поради кариерни амбиции.

„Најпрво да ви укажам дека го кршите деловникот законот за употреба на јазиците. Службен јазик во Македонија е македонскиот. Апелираме овој закон да се почитува од сите пратеници и од пратеникот Талат Џафери, барем додека не ги остварите идеите кои ги имате со СДСМ“, вели Милошоски

Тој потенцираше дека оваа седница започнала со недемократска рамка, бидејќи тој бил нелегален преседател и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитуваат како пратеник, по што Џафери вели дека бидејќи ситуацијата е таква, во тој случај, тој има право како пратеник да го користи албанскиот јазик

Откако пратеникот Трајко Вељаноски дофрлаше од неговото место, Џафери му укажа дека треба да се пријави за збор и да формираат пратеничка група.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање