Еден месец по ладнокрвното убиство на кучето Идриз, граѓаните повторно протестираа пред куќата на човекот кој го уби. Иако МВР поднесе кривична пријава против убиецот на кучето, 45-годишниот С.Х. од Скопје за делото „мачење животни“, се уште нема никаков исход.
Според членот 233 од Кривичниот законик, за мачење животни, осомничениот ќе добие парична казна или затворска казна до шест месеци.
Инаку, кога С.Х. го извршил делото, присутните во угостителскиот објект реагираа, а потоа се организираа и протести пред куќата на пријавениот на кои дел од граѓаните заработија кривични поради тоа што фрлале со јајца по куќата на убиецот на Идриз.