Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин на покана на Шведската Зелена партија, учествуваше на интернационалниот семинар во рамките на Конгресот на партијата, кој се одржува овој викенд во Линкопинг, информираат од Партијата.
Како панелист, додаваат, таа говореше за политичката состојба во Македонија, корупцијата како еден од најгорливите проблеми во општеството и за визијата за дејствување на Зелените по светскиот конгрес во Ливерпул.
Во рамките на посетата Морачанин оствари работни средби со шведскиот вицепремиер Изабела Ловин и министерот за образование Густав Фридолин.