Македонскиот тенисер Томислав Јотовски денеска ги загуби двата меча на фјучрсот во Добој.
По поразот во полуфиналето во сингл претпладнево од Фабрицио Оранџо со 2-0 во сетови, тој и Милан Радојковиќ попладнево го загубија и финалето во двојки.
Поуспешни од нив беа првите носители Франко Агаменоне (Аргентина) и Талес Турини (Бразил). Противниците мечот го добија со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2 во гемови) за 55 минути игра.
За пласманот во финалето во двојки Јотовски ќе добие 10 поени, а за полуфиналето во сингл 6 поени. Тој следната недела ќе настапува на фјучрс турнир во Брчко.