Јотовски остана без финале во поединечна конкуренција во Добој

Од:

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Добој во поединечна конкуренција откако денеска загуби од четвртиот носител Фабрицио Оранџо од Италија со 2-0 во сетови (6:1 и 7:5 во гемови). Јотовски за пласманот во полуфиналето ќе добие 6 поени, а ова е негов најдобар пласман досега во 2017 година.

Во мечот од полуфиналето за разлика од претходните дуели на овој турнир нашиот тенисер имаше само еден брејк на сервис на противникот од седум можности, додека ривалот имаше 4/8. Притоа во вториот сет Јотовски не успеа да искористи и 4-5 сет топки.

За Јотовски останува на овој турнир попладнево да го одигра и финалето во игра на двојки каде настапува заедно со младиот тенисер од Србија Милан Радојковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ