Нападната дадилка во Прилеп

Од:

Непознат сторител, вчера околу 12 часот, во Прилеп, ја нападнал дадилката П.И.(47) со тврд предмет во пределот на главата, по што се онесвестила.

Како што соопшти денеска МВР, сторителот влегол во куќата сопственост на Д.Р.(41) на ул.„Оревојачка“, и откако со самолеплива лента и ги врзал рацете и и ставил ткаенина во устата на дадилката, ја пребарал куќата, притоа не одземајќи ништо, и го напуштил местото на настанот.

На П.И. и била укажана медицинска помош и констатирани се телесни повреди од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он