Ирачките сили утрово почнаа операција за преземање на последниот реон во западен Мосул, што е под контрола на „Исламската држава“.
Ирачката војска, над центарот на Стариот град и неколку околни квартови, вчера пушти летоци во кои ги повикаа жителите да го напуштат Мосул. Армијата ќе се обиде оттаму да ги истера припадниците на „Исламска држава“, но тоа предизвикува загриженост за судбината на цивилите, кои не се во можност да го напуштат градот.