Во Кочани се одржа 43. детски поетски фестивал „Мајски цвет“

Од:

Во организација на библиотеката „Искра“ и литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани денеска се одржа 43-от детски поетски фестивал „Мајски цвет“. На фестивалот учествуваа 20 автори на поетски творби од училишта и библиотеки од општините од источниот регион, како и од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

– Годинава пристигнаа повеќе литературни творби од ученици од кои жири-комисијата одбра 17 творби за учество на фестивалот. Творбите беа на најразлична тема со што учениците покажаа висок степен на надареност во создавањето на поетски творби, изјави Ленче Стоименова, претстедател на литератрурниот клуб „Копнеж“ од Кочани.

Првата награда ја доби Тамара Ристовска, ученичка од Виница за песната „Нердофат“, втората и припадна на Бојана Велкова, ученичка од Кочани за песната „Мојот роден крај“, а третата награда ја освои Марија Николова ученичка од село Соколарци, општина Чешиново Облешево за песната „Да го обоиме светот во боите на љубовта“.

Беа пофалени и три поетски творби на учениците Катерина Каракаповска од Пехчево, на Стефан Ристовски од Лозово, Велес и на Елена Лазарова од Оризари, Кочанско. Наградата за ментор ја доби Стојка Стоименова од библиотеката „Ванчо Прке“ од Виница.

Во рамки на фестивалот излезе од печат и поетската збирка „Мајски цвет 2017“ во која се содржани најуспешните 20 поетски творби.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот