Дел од општина Центар утре без вода

Од:

Дел од корисниците од булеварот „Партизански Одреди“ во близина на Неуромедика и корисниците од улицата „Дане Крапчев“ во општина Центар утре од 8 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на бул. Партизански Одреди б.б. до Неуромедика, а корисниците ќе бидат без вода се до санирањето на дефектот од стран на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски