Ќе се реализира проект за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) претставуван од раководителот на проектот Небојша Мојсоски и директорот на УСАИД Џемс Стејн, за спроведување на проект МИМО (меѓуетничка интеграција на младите во образованието) во основните и средните училиште како и општините.

Проектот е со времетраење од пет години, во периодот од 2017 до 2022, а буџетот е во висина од 5,853,000 долари.

– Проектот на УСАИД за Меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) ќе ја подобри меѓуетничката кохезија меѓу младите во Македонија преку создавање услови за позитивна интеракција и градење на демократски и граѓански вредности. Активностите на МИМО ќе бидат насочени кон идентификување на потребните интервенции кои ги поддржуваат постојните државни и локални политики и практики во однос на меѓуетничката интеграција и граѓанското образование на ниво на училиште и заедница, соопштуваат од МОН.

Взаемно поврзаните активности на Проектот ќе се реализираат во три компоненти. Компонентата 1 има за цел да ја зајакне меѓуетничката кохезија во образовниот систем. Оваа компонента ќе обезбеди континуирана поддршка на работната група на МОН за меѓуетничка интеграција во образованието и на општините на локално ниво. Покрај тоа, ќе обезбеди можности за училиштата да работат и соработуваат едни со други во креирањето подобра етничка кохезија и во зајакнување на граѓанските вредности.

Компонентата 2, како што соопштуваат од Министерството, има за цел да ја зајакне граѓанската култура и однесување кај младите на ниво на училиште и заедница. Оваа компонента ќе вклучи измени во наставните програми за граѓанско образование и ќе воведе методи за вклучување на учениците во процесот на донесување одлуки на ниво на училиште и заедница.

Од МОН посочуваат дека со третата компонента ќе се обезбеди поттик за училиштата и заедниците со цел да се постигнат двете основни цели на проектот – подобрување на меѓуетничката кохезија и помагање во развојот на демократските и граѓански вредности и однесувања кај младите.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование