Димитриев дома, Могерини го покани Заев во Брисел

Од:

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, за МИА потврди дека мандатарот за составување влада и претседател на СДСМ, Зоран Заев е поканет да ја претставува Македонија на утрешната неформална вечера на премиерите на шест балкански држави со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини во Брисел.

– Во однос на тоа кој ќе учествува од БЈР Македонија на оваа вечера, потврдуваме дека Зоран Заев доаѓа како „определен за премиер“, рече Коцијанчич во изјава за дописникот на МИА.

Покрај премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама на Албанија, Иса Мустафа на Косово и Дениз Звиздиќ Босна и Херцеговина, Зоран Заев ќе ја претставува Република Македонија на утрешната неформална вечера што ќе се одржи во зградата на ЕЕАС во Брисел.

Иако, од кабинетот на Високата претставничка на ЕУ претходно соопштија дека поканите се испратени до актуелните премиери, сепак, во случајот со Зоран Заев и Македонија, Могерини одлучила да направи отстапка и се уште неизбран на функцијата македонски премиер, сепак да го покани него и да го претстави пред останатите лидери од Западниот Балкан.

Би можело да ве интересира

Во ЕУ нови правила за Chat GPT, Grok, Gemini

Предраг Петровиќ

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

Трамп: Најголем договор досега

САД и ЕУ постигнаа трговски договор

Горан Наумовски