Почна изградбата на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром

Од:

Почнаа активностите за изградба на нов објект на Основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром во Општина Гази Баба. За една година се најавува целосно нова училишна зграда до сегашните бараки во кои функционира училиштето, а кои датираат од 1974 година.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска извршија увид на почнатите активности со кои се планира за новото училиште со целосно нова опрема и спортска сала да бидат вложени 54 милиони денари или 900 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука.

Станува збор за крупен проект со кој реализира ветување од Програмата на барање на граѓаните, потенцираа Ристовски и Груевски.

Новото училиште ќе се гради на површина од 2.150 метри квадратни и ќе се состои од приземје и кат. Планот предвидува 12 училници, шест кабинети и библиотека.

Како што информираше Ристовски, првин ќе се гради училишниот објект во кој период учениците ќе продолжат да следат настава во стариот објект. Откако ќе се преселат во новата зграда се најавува изградба на спортската сала, а старите бараки ќе бидат урнати и на нивно место, најави Ристовски, ќе бидат изградени тениско, ракометно и кошаркарско игралиште.

Капацитетот на училиштето е за 600 ученици со можност и за двосменско и за едносменско работење зависно од потребите. Во ОУ „Вера Јоциќ“моментно настава посетуваат 520 ученици и покрива територија за потребите на околу осум илјади жители.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март