Честитка од Димитриев по повод Националниот ден на Власите

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев по повод Националниот ден на Власите упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.

– Дозволете ми во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам најискрени честитки по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите и да Ви посакам многу здравје, успех и благосостојба во Вашите семејства. Почитувањето на најбитните празници и идентитетски обележја на етничките заедници во нашата земја е една од најсуштинските традиции која беше негувана и силно поткрепена од Владата на Република Македонија во изминатите години, се вели во честитката.

Таквата традиција на почитување, се наведува во честитката, мораме да ја развиваме како една од најзначајните симболи на нашето мултинационално општество и основно врзивно ткиво помеѓу граѓаните.

– Во тој дух, чест ми е да Ви го честитам Националниот ден на Власите кој уште од далечната 1905 година е симбол на самоидентификација на Влашката заедница. Власите како во минатото, така и денес имаат значаен општествен и културен придонес за современата македонска држава и учествуваат во процесите на нејзиниот развој, се истакнува во честитката.

Влашките идентитетски белези, се посочува, се значаен дел од македонскиот мултиетнички колорит и вредносно го збогатуваат македонското општество, а Република Македонија со гордост го прославува Националниот ден на Власите, стои во честитката.

– Честитајќи Ви го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на Република Македонија, во интерес на подобар живот на нашите граѓани и напредок во секоја област од значење за државата. Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви посакувам добро празнично расположение, многу радост и бериќет во Вашите семејства.
Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!, стои во честитката од Димитриев до припадниците на влашката заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Влашкиот народ и истакнати личности Власи имаат значајно место во најважните поглавја на нашата историја

А1он

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

А1он

Денеска е Национален ден на Власите

А1он

Интернационални денови на влашката култура во Крушево

Ана Ололовска

Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите

Ана Ололовска

Кирацовски: Заедно, слободно, со меѓусебна почит и разбирање чекориме кон подобра иднина

Ана Ололовска