Приказната за Исус Христос е „фабрикувана за да се смират сиромашните“, тврди контроверзен професор по Библија

Од:

Индепендент – Лондон

Христијанството била софистицирана владина пропагандна метода која се користела да се смират субјектите во Римската империја, тврди професорот.

Контроверзен американски профессор по Библија треба првпат да се појави во Лондон неделава за да го претстави откритието за кое тврди дека докажува оти приказната за Исус Христос била смислена како систем за контрола на свеста и покоорување на сиромашните.

Џозеф Атвил, кој е автор на книгата „Месиите на Цезар: Римската конспирација на измислувањето на Исус“, истакнува дека христијанството не започнало како религија, туку всушност како софистицирана пропаганда и метод на власта која се корситела за да ги смири поданиците во Римското царство.

На конференцијата „Тајниот Месија“, која ќе се одржи во Конвеј хол во Холборн, во сабота, Атвил ќе ја претстави теоријата дека Новиот Завет бил напишан од рисмки аристократи во првиот век и дека тие целосно ја фабрикувале приказната за Исус Христос.

Објавувајќи го своите идеи на блог и неговата веб страна, Арвил пишува: „Христијанството можеби се смета за религија, но тоа всушност било развиено и се користело како систем за контрола на умовите за да создаде кај робовите верба во Бога со која тие ќе го оправдуваат своето ропство“.

Атвил вели дека ражањето на еврејски секти, кој го чекале доаѓањето на таканаречениот „воин Месија“ во Палестина, бил постојан проблем за Римската империја и откако царството го истрошило сите традиционални средства за справување со проблемот, тие воспоставиле психолошка војна.

Тие сфатиле дека начинот за да се сопре со ширење на опасната еврејска мисионерска активност било да се создаде ривалски систем на вера, рече Атвил за PRWeb.com. „Тогаш била измислена приказната за „мирољубивиот“ Месија. Наместо да поттикнува на војна, овој Месија повикувал на пацифизмот „сврти-го-и-другит-образ“ и ги мотивирал Евреите „да му се покорат на Цезар“ и да му плаќаат даноци на Рим“.

Атвил продолжува: „Иако Христијанството за некого може да биде утеха, исто така може да биде и многу штетно и репресивно, еден вид на длабока внатрешна контрола на умот која води до слепо прифаќање на покорувањето, сиромаштијата и војните низ историјата. До ден денес, посебно во САД, тоа се користи за да се создаде поддршка за војните на Блискиот исток“.

Покрај ова, Атвил исто забележува: „Вснушност, тој (Исус) можеби е единствената измислена личност во литературата чија севкупна животна приказна може да се следи кај други извори. Кога еднаш тие извори ќе се разоткријат, просто ништо друго не останува“.

Атвил вели дека го открил ова додека го проучувал Новиот Завет паралелно со „Војната на Евреите“, од Џозефус– единствениот пресотанат историски доказ напишан во прво лице кој потекнува од Јудеа од првиот век.

Атвил тврди дека почнал да забележува секвенци на паралели помеѓу двата текста. „Она што изгледа заблудило многу професори е дека секвенци од нстани и локции каде присуствувал и учел Исис се повеќе или помалку истите како и секвенци од нстани и места на воената кампања на императороц Титус Флавиус , како што е опишано од Џозефус“, тврди Атвил.

-Ова е јасен доказ за намерно конструирана шема. Биографијата на Исус е всушност конструирана, од самиот почеток до крајот, на претходни прикзни, но посебно на биографијата на римскиот цезар“, објаснува тој.

Ричард Докинс, англиски биолог и еволуционист и писател, многу познат по неговите антирелигиски ставови, на твитер испрати линк до соопштение за јавноста со кое се промовира нстанот во Лондон. Но подоцна тој пак твитна: „РТ не е соглсување. Не сум квалификуван да просудувам за тезите на Атвил. Само сметам дека е вредно да се погледне ова“.

Теоријата на Атвил е само една од бројните кои се познати како библиски теории на заговор. Овие теории заеднички вклучуваат наведувања дека тајните друштва, мистичните училишта и други религии ја користеле измислената приказна за Христос за да ја обединат Римската империја под една државна религија.

Би можело да ве интересира

Рекорден број Германци лани ги напуштиле Протестантската и Католичката црква

Жарко Настоски

Нова страница во историјата меѓу христијанството и исламот

Ана Ололовска

Петта дикусија на Христијанско философскиот форум

Ана Ололовска

Истражување: До 2070 година муслиманите ќе бидат побројни од христијаните

Ана Ололовска

Конзервативните христијани денес би го мразеле Исус

Ана Ололовска

Форензичари изработија „фото-робот“ на Исус

Емир Латифовиќ