Проџект синдикејт – Прага
За две децении – од 1979 до 1999 година – бројот на работните места во индустриското производство во САД се намали од 19 на 17 милиони. А во следната деценија, помеѓу 1999 и 2009, тој број падна на 12 милиони. Тој нагол пад ја поттикна идејата дека меѓу двата века американската економија ненадејно престанала да функционира – барем за мажите чии професии се обединети под терминот „сини крагни“.
Сепак, погрешно би било да се мисли дека во индустриското производство до 1999 година се било во ред. Работни места во индустриите биле затворани и во претходните децении. Само што работните места исчезнувале во еден регион или во еден сектор, и вообичаено биле заменувани – во апсолутни цифри ако не како дел од вкупната работна сила, со нови работни места во други региони или сектори.
Да ја земеме на пример кариерата на мојот дедо Вилијам Волкот Лорд, роден во Њу Ингленд на почетокот на 20-иот век. Во 1933 година, неговата компанија „Лорд Брадерс шу компани“ во градот Броктон, во државата Масачусетс, била под закана од банкрот и затоа тој ја префрлил дејноста во Саут Перис, во државата Мејн, каде платите во тоа време биле пониски.
Работниците во Броктон биле силно погодени од неговата одлука како воопшто и од масовното исчезнување на прилично високо платените позиции за „сините крагни“ во фабриките во јужниот дел на Њу Ингленд. Но според федералната статистика, нивните загуби биле компензирани од ангажираните сезонски фармерски работници во Саут Перис, кои наместо робовски труд на фармите кои добиле значително стабилни плати во фабриката за обувки.
Судбината им се насмеала на работниците во Саут Перис, но само за 14 години. По Втората светска војна, браќата Лорд се исплашиле дека економската депресија може да се врати, така што го ликвидирале претпријатието и се поделиле. Едниот од тројцата браќа се преселил во Јорк, во државата Мејн, другиот отишол во Бостон. А мојот дедо заминал за Лејкланд, во државата Флорида – на половина пат меѓу Тампа беј и Орландо, каде работел на пазарот за недвижни имоти и се занимавал со градежништво.
И пак федералната статистика многу не се променила. Се намалил бројот на работници кои правеле чизми и чевли, но се зголемил бројот на работници во производството на хемикалии, во градежништвото и операциите во фабриките на Флорида на Велман-Лорд констракшн компани, кои преработувале фосфати. Од гледна точка на вработувањата во земјата, Велман-Лорд констракшн компани го покажала истиот ефект како Лорд брадерс во Броктон. Работниците биле други, ѓивееле на друго место, но нивото на образование и професионална подготовка биле исти.
И така за време на споредбено стабилниот повоен период работните места во индустриското производство (и градежништвото) во пракса масовно се преместувале од североисточниот дел на земјата и државите од Средниот Запад кон Сончевиот појас. Загубата на работни места за жителите на Њу Ингленд и на Средниот Запад тогаш била исто толку болна, како и за работниците денес.
Во првата деценија од новиот век, работните места за американските „сини крагни“ во голема мера ги смениле своите места, повеќе отколку што исчезнувале. До 2006 година, бројот на работни места во индустриското производство се намалил, а во градежништвото растел. Во 2006 и 2007 година, затвораше на позииците во секторот на станбено градежништво се компензирало со растот на вработувањата за „сините крагни“ поврзан со инвестициите и извозот. Дури по Големата депресија од 2008 година, работните места за „сините крагни“ започнува повеќе да исчезнуваат отколку да го менуваат своето место.
Затоа што очигледно има големи промени во работните места, поточна претстава за тоа што се случува може да се добие ако ги погледнеме работните места за „сините крагни“ како дел од вкупната вработеност, а не ако апсолутен број на работниците во индустриското производство во конкретен момент. Во пракс,а има многу голем и моќен долгорочен пад на производи од работниците во индустриите во периодот меѓу Втората светска војна и во нашево време. Затоа идејата дека индустријата долго време била стабилна, а потоа одеднаш опаднала кога Кина почна да забрзува, е лажна.
Во 1943 година, 38 проценти од работната сила во САД надвор од селското стопанство била ангажирана во индустриското производство заради силаната побарувачка на бомби и тенкови во тоа време. По војната, нромалниот дел од работниците надвор од селското стопанство изнесувал скоро 30 проценти.
Ако САД биле нормална повоена индустриска земја како Германија или Јапонија, тогаш технолошките иновации би го намалиле тој дел од 30 проценти до скоро 12 проценти. Но, тој паднал до 8,6 проценти. Главниот дел од тој пад до 9,2 проценти се објаснува со нефункционалната макроекономска политика која започнала со претседателствувањето на Роналд Реган и која ја претвори САД во земја со дефицит на заштеди, а не со вишок на заштеди.
Како богата земја, САД би требало да ја финансира индустријализацијата и развојот по целиот свет, така што земјите од новопојавените пазарни економии да можат да го купуваат индустриски извоз на САД. Наместо тоа, САД прифатија разни непродуктивни улоги и се претворија во светска парилница на пари, заштитник на политичките ризици и корисник на пари како последно средство. За земјите кои се равиваа, големите резерви од долари значат дека на нив нема да им притреба никогаш да се обратат за помош кон ММФ.
Останатиот дел на падот на производи на индустриските работни места од 9,2 проценти на 8,6 проценти, се должи на смената на трговските партнери и главно на подемот на Кина. Северноамериканскиот договор за слободна трговија, познат под кратенката НАФТА, спротивно на тоа кое го тврди американскиот претседател Доналд Трамп, скоро со ништо не придонело на падот во индустриското производство. Во пракса, сите тие „лоши трговски договори“ помогнале други сектори на економијата на Америка да натрупаат значителни заработувачки; и затоа што тие сектори растеле, делот на работни места во индустриското производство паднал само за 0,1 процент.
Во сегашната ера на лажни вести, на практично создавање на социјални движења и анегдоти за заблуда, поттик за секого кој е загрижен за нашата колективна иднина, е да работи со вистински цифри и јавно да ги претстави тие вистински цифри. Како што рекол првиот републикански претседател Абрахам Линколн во еден својот познат говор „Разединет дом“: „Ако прво сфатиме каде сме и кон каде одиме, тоагш ние подобро ќе можеме да процениме што да правиме и како тоа да го направиме“.
Џеј Брадфорд Делонг е професор по економија на Калифорнискиот универзитет во Беркли. Работел во секретаријатот на министерството за финансии за време на претседателствувањето на Бил Клинтон.