Земјотрес од 6,1 степен според Рихтер ја погоди Индонезија

Од:

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала регистриран е во близина на познатата туристичка дестинација, индонезискиот остров Сулавези, соопшти денеска Американската геолошка опсерваторија.

Епицентарот на потресот бил на 119 километри североисточно од Лувука, во централната провинција Сулавези, на длабочина од 18,5 километри, пренесоа агенциите.

Предупредување за цунами не е издадено и засега нема какви било инофрмации за жртви или материјална штета.

Земјотрес со истата јачина пред само четири дена го погоди истиот остров ов Индонезија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле