Делови од Скопје утре без струја

Од:

Од 8:30 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од селата Бунарџик, „Амајлија“, „Гранд“, „Завар“ и покрај патот за селото Бунарџик во општина Илинден.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Македонија“ – од „Рекорд“, „Мекицита на Стража“ до улицата „Луј Пастер“, објектот на „Технометал Вардар“, улицата „Ѓуро Стругар“, хотелот „Бест Вестерн“, Домот „Мајка Тереза“ и сите објекти во околината во општина Центар.

Од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булеварот „АСНОМ“ бр. 2 и бр. 4, полициската станица „Аеродром“ и корисниците во околината.

Дел од корисниците од селото Рашче ќе бидат без струја од 9 до 14 часот, а од 10 до 12 часот дел од корисниците од Усје.

Во временскиот период од 7 до 8 часот без струја ќе бидат корисниците во селата Грушино, Мршевци, Дељадровци, Бујковци и Бучинци во општина Илинден, а од 9 до 11 часот дел од корисниците на улиците „Злетовска“, „Нов живот“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата