Јовановски: Доколку СДСМ не ги испочитува гаранциите, последиците ќе бидат неповратни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека нема да дозволи СДСМ преку релативизирања и заобиколувања на Уставот и законите, да реализира планови на штета на државните и национални интереси.

Крсто Јовановски на прес-конференција рече дека јавноста е загрижена каква гаранција потпишал Зоран Заев кога неговите коалициски партнери остануваат зад тиранската платформа и планираат да ги реализираат одредбите во неа.

– Народот е загрижен дали гаранцијата која Зоран Заев ја потпиша е со цел да се замајуваат граѓаните, а на мала врата да се договара реализација на платформата со сите нејзини елементи, како целосна двојазичност на територијата на државата, претворање на Македонија во бинационално наместо мултикултурно општество, менување на симболите на државата и прогласување на темелите на државата за геноцидни, рече Јовановски.

Тој додаде дека ова го потврдил и Оливер Спасовски, кој рекол дека „секој има свои ставови, но сите заеднички мора да се договориме за Република Македонија“.

– Тоа е само потврда дека СДС сеуште разговара на оваа тема која директно задира врз унитарноста и карактерот на државата. Ова е премногу сериозно да се релативизира, истакна Јовановски, додавајќи дека доколку СДСМ се обиде по втор пат да го измами народот со непочитување на потпишаните гаранции, последиците може да бидат неповратни.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис