Две лица повредени во две сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Во првата сообраќајна незгода што се случила на улицата „Васил Ѓоргов“ повреден е 33-годишен возач на мотоцикл, а во втората незгода на крстосницата од улицата „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ повредена е 25-годишна сопатничка од Скопје.

Првата незгода се случила меѓу патничко возило „ауди“ со скопски таблички и мотоцикл управуван од 33-годишниот А.З. од Скопје, а во вториот случај 24-годишниот возач на автомобилот „БМВ“ со охридски таблички изгубил контрола и удрил во дрво.

Двајцата повредени се задржани на лекување, а од страна на полициски екипи извршен е увид на местото на незгодите.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка