Повреден работник во фабриката „11 Октомври“

Од:

Триесет и двегодишен работник во фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“ е повреден кога негов колега управувајќи кран, не го забележал и му ги притиснал нозете .

Полицијата соопшти дека настанот се случил вчера околу 11:30 часот кога В.С.(48) управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката и при поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ. од Куманово.

Повредениот бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство