ЈП „Паркинзи“ ќе вработи 32 лица

Од:

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар ќе вработи нови 32 лица за надворешните локации, а со оглед на отворањето нови паркинг-зони во Kапиштец, Дебар Маало, Градски парк, Соборен храм и други, извести „Дневник“ во денешниот број.

Огласот е веќе распишан, а предност ќе имаат оние што се привремено вработени преку агенциите за привремени вработувања. Овие луѓе ќе бидат одговорни за контролата на наплата и ќе им помагаат на луѓето со паркирањето. Ќе бидат задолжени и да им даваат потребни информации на граѓаните, бидејќи многумина не се запознаени со системот.

Од претпријатието за весникот изјавуваат дека со ова ќе го избегнат плаќањето од 5 отсто кај агенциите за привремени вработувања, а и додаваат дека за годинава биле предвидени 65 нови вработувања, но оваа бројка е преполовена со востпоставување на систем кој не бара присуство на многу луѓе.

Надлежните во „Паркинзи“ додаваат и дека и покрај тоа што предност ќе имаат оние кои се привремено вработени, сепак ќе има тестирања и интервјуа, а привремено вработените ќе треба и да се јават на огласот.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство