Љубовна приказна: Младоженец киднапиран среде свадба

Од:

Индискиот лекар Ашок Јадава бил убеден дека тој ден ќе го доживее најзначајниот настан во неговиот живот, но не ни претпоставувал дека она што се случило ќе ги надмине сите негови очекувања.

Имено, Ашок требало да се венча и додека сите гости чекале да пристигне невестата и да почне церемонијата, пред објектот пристигнал џип и во салата влетала млада жена вооружена со пиштол, која го киднапирала младоженецот.

Индиските медиуми јавија дека девојката е идентификувана како колешка на Ашок, со која работеле заедно во една приватна болница.

Според истите извори, Ашок бил во љубовн врска во неговата колешка и и ветил дека ќе ја земе за жена. Меѓутоа, согласно индиската традиција, неговите родители веќе му имале избрано жена, па тој морал да ја почитува одлуката на семесјтвото и да се согласи на договорениот брак.

Затоа Ашок ја раскинал врската со девојката и ги прекинал сите контакти со неа.

Полицијата започна истрага за целиот случај, трагајќи по Ашок и неговата киднаперка, кои засега не се пронајдени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати