Стопанствениците од северот на Косово околу 10:30 часот беа спречени од страна на ЕУЛЕКС да го блокираат граничниот премин Јариње.
Претставник на стопанствениците од северот на Косово изјави дека тие не сакаат да им плаќаат данок на косовските институции, туку на Србија, што се наведува и како причина за протестот и блокадата на еден од двата премини во делот од Косово претежно населено од Срби. Од пред една недела, со Договорот, на границата се распоредени и српски и косовски полицајци, цариници и претставници на европската мисија ЕУЛЕКС.