Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад им изрази сочувство на семејствата на жртвите на масовното убиство, кое беше извршено во петокот во основното училиште во американскиот град Њутаун, во државата Конектикат.
– Длабоко жалам за оваа трагедија. Од мое и од името на иранскиот народ им изразувам искрено сочувство на семејствата на жртвите и на целиот американски народ – истакна Ахмадинеџад.
Ултраконзервативниот ирански претседател, кој е тврдокорен непријател на САД, нагласи дека е веќе време Вашингтон да ја преразгледа својата политика, која е заснована на материјални придобивки и наместо тоа да работи на заеднички свет, каде луѓето ќе живеат заедно врз основа на љубов, добрина и пријателство.