Ревијална трка „Вози право, вози здраво“

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи третата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ vol. 3. со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето чисти транспортни средства.

Трката ќе почне во 12 часот од порта „Македонија“, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на пултовите веќе од 11 часот. Најавено е да учествуваат околу 2.000 граѓани кои се регистрирани во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка.

Организаторот на трката е Стопанска банка Ад Скопје.

Заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање сообраќајна и велосипедска култура.

Во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев ќе биде поставена бина на посетителите со забавни содржини, како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, ќе има игри, подароци, предизвици…

Согласно законските прописи и поради обезбедување максимална заштита на учесниците од 11 до 13 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје, од порта „Македонија“ до Градски парк преку улиците „Димитрије Чуповски“, „Даме Груев“ и „Илинденска“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски