Во организација на Градот Скопје и Детскиот културен центар – „Карпош“ од денеска до 21 мај во Скопје ќе се одржува осмиот интернационален фестивал за класична гитара „Тремоло“.
Натпреварот е за класична гитара за сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови.
Членови на жирито се гитаристите Влатко Стефановски, Тони Китановски, Мартин Крајчо, Дејан Лазаревски, Миле Ѓорѓевски, Немања Клинчаров и Бојан Гажоски.
Вечер и утре ќе се одржат два концерта во Културно – информативниот центар – Салон 19/19, а на 21 мај ќе настапат победниците на натпреварот во Концертната сала на ДКЦ „Карпош“.