топанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска промовираше бизнис ХАБ во кој ќе се нудат услуги и стручна поддршка за реализирање бизнис идеи на млади, жени претприемачи и жени од помалку развиените региони во Македонија. Целта е да се намали невработеноста и да се обезбеди нивна финансиска независност.
Предвиденон е Create Hub да понуди работен простор во цела Македонија, консултации со стручни лица, обуки и сeминари, менторство, вмрежување и олеснет пристап до алтернативни извори на финансирање.
Според Фатмир Битиќи, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, новиот бизнис простор ќе овозможи услови и алатки за едукација и вмрежување на младите претпримачи, развој на иновациите и зајакнување на бизнисите.
– Тоа ќе биде место во кое ќе одговориме на проблемите што со години сме ги разговарале за нерамномерен регионален развој, со зголемување на невработеноста, со миграција на младите и со неможноста младите воопшто да се занимаваат со бизнис и да ја креираат својата иднина. Мораме да креираме простор на сите оние кои се уште веруваат дека нивната иднина е во бизнисот а не во јавната администрација и во другите сектори, да ги покажат своите идеи, а ние да им помогнеме за да растеме заеднички и да ги изнесеме на пазарот во Македонија и надвор, изјави Битиќи.
Отворањето на бизнис просторот е поддржано од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) имплементирана од Свисконтакт и локалниот партнер ПРЕДА плус.
– Се надеваме дека Create Hub со услугите и менторството ќе обезбеди адекватна поддршка на идеите, талентите и иновациите, изјави Марјан Степановски, директор на Фондацијата за одржлив економски развој ПРЕДА Плус.
Ќе се овозможат, појасни Степановски, први релации на новите бизниси и нивен пристап на пазарот во сегментот на развивање на нови продукти, дизајн, информатички технологии, како продукти и услуги во тој сегмент кои ќе може да бидат од помош за раст и развој на компаниите членки на Комората и на новите бизниси, но и генерирање приход токму на младите професионалнци, жените и на самите старт-ап и мали и средни претпријатија.
Стефан Томаџан, заменик-шеф на мисијата на швајцарската Амбасадата во државава истакна дека Швајцарија е силно посветена на поддршка на претприемништвото во Македонија, каде, како што потенцира, има голема претприемничка енергија – Убеден сум дека ако ја добијат соовдветната поддршка можат да станат двигатели на економијата, рече Томаџан.