Стејт департментот изрази длабока загриженост од вчерашните судири во Вашингтон меѓу членовите на обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и прокурдските демонстранти.
– Ние ја изразивме нашата загриженост пред турската Влада на најрешителен начин, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Наверт, по повод на тепачката пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон, во која беа повредени девет лица. Две лица беа уапсени од полицијата.
Судирите избувнаа по првата средба во четири очи меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот турски колега во Белата куќа.