Квотите на ЕУ за раселување на мигрантите низ Европа треба да бидат исполнети до септември, посочи денеска портпаролот на Европската комисија.
-Околу 17.000 лица се уште подготвени чекаат да бидат раселени од Италија и Грција, и се уште е сосема можно тие до септември да бидат преместени, додаде портпаролот.
„Нема да се поколебаме, доколку тоа се покаже неопходно, да примениме и соодветни мерки за да се испочитува правото на ЕУ. Дури и по септември одговорноста на државите од ЕУ за ова прашање не завршува. Против државите кои до септември нема да примат никого ЕК може да ги примени своите надлежности и да отвори казнени процедури, ако тоа се ноложи како потреба“, појасни портпаролот.
Како што БТА јавува, ЕК вчера го претстави својот последен месечен извештај за исполнување на квотите. Податоците покажуваат дека Унгарија, Австрија и Чешка вооошто не примаат мигранти според квотите. Комисијата ги повика Бугарија и Словачка да го забрзаат приемот и да ги олабават своите очекувања од кандидатите за азил.