СДСМ со четири мерки за пензионерите

Од:

СДСМ предложи висината на пензиите да се усогласува на секои три месеци наместо на секои шест како што е сега.

„На тој начин ќе се избегне она што се случи годинава. Околу Нова година поскапеа основните работи за живеачка, струјата, парното, храната, а пензионерите чекаат со месеци да им се усогласат пензиите со зголемените трошоци на живот. Со почесто усогласување на висината на пензиите ќе помогнеме пензионерите барем малку полесно да се справат со големите поскапувања“, рече Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Јовановски предлага да се дефинира и воведе „пензионерска потрошувачка кошничка“.

„Огромен е бројот на пензионери во Македонија кои имаат минимална или многу ниска пензија, а таа едвај стига за да се прехранат и да ги платат сметките. Тоа значи дека за животниот стандард на пензионерите најважни се цените на основните производи, храната, струјата, лековите . Затоа, Државниот завод за статистика, заедно со здруженијата на пензионерите, треба да дефинира и воведе „пензионерска потрошувачка кошничка“.

Усогласувањето на пензиите би се правело според движењето на цените на производите и услугите во „пензионерската потрошувачка кошничка“, а не според цените на сите производи и услуги, како што е сега случај. Вака ќе има многу пореална основа за усогласување на висината на пензиите и подобро ќе се сочува животниот стандард на пензионерите“, изјави Јовановски.

ОД СДСМ предлагаат и проект „да се слушне гласот на пензионерите“, односно тие да имаат претставник во Управниот одбор на фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во економско-социјалниот совет на Владата, но и претставниците на пензионерите да бидат повикувани во расправите во собраниските комисии секогаш кога се рагледуваат решенија што се однесуваат на нив.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

Партијата која што ги намали пензиите за 8% на пензионерите е СДСМ. Таа е партија што долго време одбиваше да им ги врати украдените пари на ппезионерите и впрочем и никогаш не го стори тоа, никогаш не ги врати украдените 8 %. Тоа го стори Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес истата таа партија со неколку небитни и административни предлози се обидува да остави впечаток дека води сметка за пензионерите. Тоа не е така бидејќи пред само неколку дена, пратеници и функционери од СДСМ, во Собранието и надвор од него предлагаа намалување на пензиите.

Да потсетиме дека овие неколку години откога ВМРО-ДПМНЕ е на власт за прв пат во овие 20 години се зголемија пензиите за цели 33% во просек, но за најниските се зголемија за над 40%.

Дополнително стоиме зад ветувањето дека до крајот на оваа година повторно ќе обезбедиме средства за повторно зголемување на пензиите во Република Македонија, нешто што СДСМ никогаш не успеа да го направи.

Покрај тоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува и многу други мерки што се однесуваат на пензионерите, намалување на цените на лековите, бесплатно здравствено осигурување, бесплатен јавен превоз во одредени денови, бесплатно бањско лекување за огромен дел од пензионерите, отворање центри за дневен престој на пензионери, се само неколку од десетината и десетината мерки кој што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги воведе, а кој се однесуваат за подобрување на животот на пензионерите во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК

А1он

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски и ДПМНЕ спроведуваат политики за елитата, а работниците ги третираат како евтина работа сила

Од моментот кога Мицкоски ја презеде власта, цените постојано да растат, велат од СДСМ

Горан Наумовски

СДСМ: Цели 20 дена Тошковски не знае каде е Груби, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Спасовски: Власта штанца закони по итна постапка

(ВИДЕО) Кузеска: Цвета Ристовска да поднесе оставка од ДКСК

Горан Наумовски