Предвремени парламентарни избори во Австрија ќе бидат одржани на 15 октомври, се согласија денеска лидерите на сите политички партии на состанокот, со кој претседаваше австрискиот канцелар и лидер на социјалдемократите Кристијан Керн.
Оваа одлука доаѓа откако, помалиот партнер во владејачката коалиција – Народната партија, повика на одржување предвремени избори.