Делови од централниот регион на Гевгелија, утре три часа ќе останат без струја поради модернизација на дистрибутивната мрежа, соопштија денеска од контролниот енергетски центар на ЕВН во Гевгелија.
Екипите на ЕВН, според најавата, ќе работат на реконтрукција на трафостаница заради подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија поради што од 9 до 12 часот без струја ќе биде делот од Гевгелија меѓу улиците „Слободан Митров – Данко“, „Гевгелиски партизански одред“ и „Таља Бикова“.