Откриен и приведен возачот кој со џип удри дете во Гостивар и побегна

Од:

По три дена потрага, полицијата вчера ги пронајде возачот и возилото со кое на 13-ти овој месец утрото во гостиварската населба Грудајци тешко повреди седумгодишно дете. Возилото „Опел фронтера“ без регистерски таблици, утврдено е и се сомничи дека без возачка дозвола го управувал Љ.Н. (24) кој живеел во близина, информираат од СВР Тетово.

– Неговото возило вчеравечер е пронајдено, времено одземено и најверојатно ќе се врши вештачење на истото, но и други проверки. Сопственикот не располагал со никакви документи и постои сомнение за сторен царински прекршок, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово

Во саботата наутро, малолетно дете, управувајќи велосипед по улица беше удрено од непознато возило и возач, кој веднаш го напуштило местото на несреќата и по него се трагаше. Детето со повреди по телото и скршеници, беше пренесено на скопските клиники.

Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно расчистување на сите поединости, возачот на патничкото возило-учесник во несреќата ќе се соочи со соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он