Абас повика за итен прекин на бомбардирањето на палестински кампови во Сирија

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повика за итен прекин на бомбардирањето на палестинските бегалски кампови во Сирија, по крвавиот напад на сириската авијација врз кампот Јармук, во јужниот дел на Дамаск.

– Ги повикуваме сите спротивставени страни во Сирија да ги поштедат Палестинците и нивните кампови во Сирија, истакнува Абас во соопштение, објавено од официјалната палестинска агенција, јави БТА.

Според последните информации најмалку 25 лица се убиени во ракетен напад врз џамија во кампот Јармук, најголемиот палестински бегалски камп во Сирија.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Голем ракетен напад врз Тел Авив: Хамас објави дека е одмазда за убиството на цивили

Предраг Петровиќ

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Палестина повторно испрати барање до Советот за безбедност за прием во ОН

Песков: Русија ја признава државата Палестина