Дебата за надлежностите и капацитетите за работа на Народниот правобранител

Од:

Народниот правобранител на Република Македонија со новите законски измени добива повеќе надлежности и функции, но нема доволно финансиски и човечки капацитети за нивна реализација.

Тоа се заклучоците од извештајот од граѓанскиот мониторинг на работата на Народниот правобранител на Република Македонија, изработен во рамки на проектот „Омбудсманот-меѓу мандатот и капацитетите“ на НВО Инфоцентар и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Народниот правобранител Иџет Мемети, рече дека правната рамка за поставување на институцијата Народен правобранител во Република Македонија е многу добро поставена, но од друга страна не успева да ги даде резултатите.

– Потребни се реални услови за спроведување на прописите. Не може оваа институција да се справи со сите предизвици кои го има, особено со новите измени, ако нема човечки ресурси и финансии. Овие два сегменти се клучни за добро функционирање на институцијата, а токму на овие сегменти власта имала и се уште има можност да ја блокира работата, рече Мемети.

Посочи дека мисија на Народниот правобранител е доброто владеење на правото и како на подобар начин да се промовираат и штитат човековите права, но се додека не се овозможат јаки кадровски капацитети и доволно средства нема да може со полна ефективност да ја извршува функцијата.

Според извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска, институцијата Омбудсман секаде во светот е замислена да дејствува во држави кои вложуваат во своите демократски процеси за да може да се почуствува ефектот.

– Не е доволно само да се стави на хартија, да му се даде мандат и да се прошират надлежностите. Најважна е финансиската независност. Народниот правобранител од неговото основање до денес не може да го добие тоа да може сам да ги креира своите политики, вработувања и на тој начин да ги подобрува капацитетите на институцијата, изјави Пировска.

Во извештајот се заклучува дека државата начелно покажува волја за унапредување на улогата на оваа институција во промоција и заштита на човековите права, но искуството покажува дека нормативната волја на државата е во расчекор со политичката волја.

Народниот правобранител, се заклучува во извештајот, мора да може непречено, независно и стручно да ги развива своите капацитети за да може успешно и ефикасно да ги исполнува своите законски надлежности.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он