Економијата на споделувања го шири своето присуство во Јужна Кореја

Од:

Јонхап – Сеул

Триесет и осум годишниот адвокат Ли Јунхи, реши да ја посети Осака во Јапонија со пријателка на почетокот на ноември минатата година, и за ова патување си постави нов принцип: да троши помалку пари за сместување и повеќе да се фокусира на јадење и шопинг.

Таа ја симнала апликација Ерби-ен-би (Airbnb) на смартфонот и пребарувала соби во близина на метро станица и големите шопинг квартови Дотонбори и Намба.

Преку телефонот и бесплатен вај-фај и апликацијата разгледала листа на апартмани во близина на станицата Намба, кои чинат околу 30 долари за вечер. Контактирала со сопственикот на еден апартман и договорила резервација кога доаѓа и кога си оди преку е-пошта.

– На Ерби-ен-би можете да најдете разни соби, почнувајќи од скапи хотелски соби до евтини соби во ученички домови кои се слободни за време на распустите, вели таа. „Можам да си одберам соба која одговара на моите потреби“.

Ерби-ен-би, фирма од Сан Франциско, е една од светски најпознатите компании која е дел од таканаречената „економија на споделувања“, односно нов вид економски модел кој ги поврзува понудувачот кој поседува неискористени имоти со перспективен изнајмувач преку онлајн платформи.

Новиот модел добива на популарност во многу области онака како се развиваат технологиите и раширеноста на смартфоните само олеснуваат во спојувањето на понудата и побарувачката. Економијата на споделувања варира од домаќински услуги, како Ерби-ен-би и Уанфајнстеј (Onefinestay), преку бизнисите за спопделување автомобили или шоферски услуги како што се Убер и РилејРајдс (RelayRides) па се до финансирање на нови идеи и бизниси и физички или човечки ресурси.

Некој кој сака да го изнајми своето возило затоа што не го користи, може да објави понуда на веб страна за некој кој би сакал да го изнајми во одредено време. Компании, како Ерби-ен-би и Убер веќе ги прераснаа основните платформи на огласувачи и добиваат процент без да поседуваат физички движен или недвижен имот, како хотели или патнмички автомобили.

Се очекува глобалниот пазар за економии на споделувања до 2025 година да достигне 335 милијарди долари, во споредба со 15 милијарди во 2013 година, додека во меѓувреме пазарната вредност на Убер во 2014 достигна 70 милијарди долари.

– Економската доборбит за вклучените во економијата на споделувања се зголемува додека трошоците за трансакции паѓаат и се постигнуваат нови спогодби, вели Ким Минџунг, од Корејскиот институт за развој, државна тинк-тенк организација со седиште во Сеџонг. „Сопствениците на имоти добиваат нови извор на приходи преку своите неискористени поседи, додека оние кои ги изнајмуваат можат да уживаат во повеќе квалитетни нешта по пониски цени“.

Но експертот забележува дека постоечките закони и социјалниот систем кои се донесени за да се регилираат конвенционалните трансакции помеѓу потрошувачите и понудувачите не се во состојба да се носат со некомпатибилноста на економијата на споделувања.

Минатата година, Ерби-ен-би ги избриша од својата листа собите од Јужна Кореја во „офистели“ (повеќенаменски згради со единици за живеење и комерцијално работење), затоа што локалните закони им забрануваат на сопствениците на офистели да прават бизнис без тоа да и го пријават на владата. Речиси 70 проценти од оние кои дотогаш постоеле на листата на понуди го кршеле законот.

Убер Кореја беше казнета да плати 10 милиони вони (8,900 долари) заради кршење на локален закон кој им забранува на компании кои изнајмуваат автомобили да водат такси бизнис без да поседуваат автомобили земени на лизинг.

Исто така, овие бизниси се жестоко критикувани затоа што не ги почитуваат регулативите за безбедност и даноци. Домаќините може да ги изнајмат своите викендици и да земат пари од туристи, но не ги плаќаат задолжителните даноци, додека хотелите и хостелите се регулирани со строги правила за заштита од поѓари и се обврзани да ги плаќаат даноците.

Сепак, во некои сектори, институциите и законите не можат да ги следат новите бизнис трендови, посебно во секторот за доброволно финансирање на идеи и стартап бизниси, па затоа малите фирми се плашат дека одеднаш може да дојдат во опасност да бидат сметани за нелегални.

– Недостигот од систем и регулативи го спречуваат растот на економиите на споделувања во Јужна Кореја. Млади претприемачи се обидуваат да започнат бизниси, но пропаѓаат затоа што никој не знае како тие да се легализираат, вели Ким. „Токму затоа странски фирми како Ерби-ен-би ја користат предноста на јужнокорејскиот пазар“.

Таа вели дека е неопходно да се постават правни и институционални основи во тандем со брзорастечката економска околина, и така да им помогне на таквите бизниси да растат и да се развиваат.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио