Шиндзо Абе, кој се очекува да биде идниот премиер на Јапонија, денеска изрази желба да ги посети САД, откако ќе ја преземе премиерската функција.
– Новата јапонска Влада, водена од Либерал-демократската партија, се надева дека ќе ги зајакне односите со САД, изјави 58-годишниот лидер на партијата по победата на денешните парламентарни избори.
Според јапонските медиуми плановите на Абе се да отпатува за Вашингтон во јануари, со цел да се сретне со американскиот претседател Барак Обама.
Абе, кој својата кампања ја водеше на националистичка основа, изјави исто така, дека не сака зајакнување на тензиите со Кина поради територијалниот спор во Јужното Кинеско Море.