Забраната за сообраќај за тешки товарни и автобуси на патниот правец Тетово-Попова Шапка е укината, информира Македонијапат.
Сообраќајот на сите магистралните и регионалните патни правци се одвива тековно во зимски услови по местимично влажни коловози, без забрани застои и ограничување.
Дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат се на терен, редовно ги контролираат, опесочуваат и расчистуваат сите патни правци.