Романскиот претседател Трајан Басеску ги покани претседателите на сите парламентарно претставени партии и претставници на националните малцинства на консултации, неопходни за посочување на кандидатот за премиер на земјата, сооопшти Аџерпрес.
Басеску испратил писма до сите лидери во петок вечерта, а средбата е закажана за понеделник во 10 часот утрината во претседателската палата Котрочени.
Писма добиле лидерот на Социјалдемократската партија (СДП), Виктор Понта, претседателот на Националнолибералната партија (НЛП), Крин Антонеску, лидерот на Демократсколибералната партија, Василе Блага, Симола-Алис Ман,од Партијата на народот-Дан Даконеску, претседателот на Демократскиот сојуз на Унгарците во Романија, Хунор Келемен, Даниел Константин, лидер на Демократската партија, претседателот на Националниот сојуз за прогрес на Романија, Габриел Опра, Михај-Разван Унгуреану, кој е на чело на коалицијата „Унија Десна Романија“ и претседателот на Националноселската христијанска и демократска партија, Аурелијан Павелеску.
Поканети са и претставници на сите национални малцинства во парламентот.