Експертите стравуваат од нови кибер напади

Од:

Властите во светот се обидуваа во текот на викендот да ги откријат виновниците за големите кибер напади, што ја попречија работата на повеќе фабрики, болници, продавници и училишта.

Експерти за кибер безбедност наведоа дека вирусот зафатил над 200.000 корисници во повеќе од 150 земји.

Се стравува дека ширењето на вирусот може да предизвика нови непријатности денеска, кога луѓето ќе се вратат од нивните работни места.

Експертите очекуваат и нови верзии на вирусот, додавајќи дека засега не е позната висината на штетите предизвикани од петочните напади.

Во меѓу време, компанијата „Мајкрософт“ ја обвини американската Влада дека чува софтверски кодови кои можат да бидат користени од хакери.

Претседателот на „Мајкрософт“ Брад Смит го потврди заклучокот до кој веќе дојдоа многу истражувачи дека за последниот масоцен хакерски напад е користен инструмент создаден од американската Агенција за национална безбедност, што бил пуштен на интернет во април.

Смит исто така го покрена и прашањето за тоа како разузнавачките служби да постигнат баланс меѓу желбата да ги држат во тајност софтверските пропусти, да извршуваат шпионажа и да водат кибер војна и да ги споделуваат овие пропусти со технолошките компании со цел подобра безбедност на интернет.

– Овие напади се пример за тоа зошто криењето на пропустите од страна на владите е таков проблем, наведе Смит.

Тој истакна дека владите во светот би требало да ги сфатат овие напади како „повик за будење“ и да размислуваат за „штетите врз цивилното население, што произлегуваат од криењето на пропустите“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија