ВМРО-ДПМНЕ: Одолговлекувањето на локалните избори е на штета на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде одговорна партија кога се работи за државните, националните и локалните интереси на своите граѓани.

Очигледен е преголемиот страв на СДС да се соочат со граѓаните и да доживеат нов пораз. Граѓаните нема да дозволат да бидат повторно изманипулирани за сметка на своите државни интереси.

Ниту Никола Груевски е виновен, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ има било каква вина со стравот на Зоран Заев да ја отфрли Тиранската платформа и да се обврзе дека нема да ги реализира нејзините елементи на штета на Република Македонија.

Одржувањето на локалните избори нема никаква врска со формирањето на Влада.

Мандатите на градоначалниците и советите на општините треба да се продолжат во понеделник, но исто така и треба да се донесе најбрз можен датум за одржување на локалните избори.

Прва причина за пролонгирањето на одржувањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов, туку само евтин обид да се купи време за локалните избори да не се одржат во најбрз можен рок, 2-ри јули, од стравот дека ќе бидат катастрофално поразени.

Втора причина за обидот на СДС да го одолговлече закажувањето на локалните избори е притисокот кој сакаат да го направат врз ДУИ за нивно пазарење околу коалицискиот договор, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДС само 3.

Овие пазарења и одолговлекувања од страна на СДС се на штета на граѓаните кои сакаат локалната власт да биде избрана и да функционира нормално што е можно побрзо.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на најбрзи можни избори, за да се стави во функција локалната самоуправа, а граѓаните да не трпат штета и да не бидат загрозени нивните интереси“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски