Со хуманитарниот базар „Хуманост за сите семејства“ на кој ќе се продаваат различни ситни предмети, колачи … со пораки за сeмејствата изработени од студентите на семејни студии, децата од Француското интернационално училиште „EFIS”, како и децата од ПОУ Иднина, денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан 15 мај – Меѓународниот ден на семејството.
Финансиските средства кои ќе бидат собрани од распродажбата, како што информира организаторот на базарот Институтот за семејни студии при Филозофскиот Факултет – УКИМ, ќе бидат донирани на ПОУ Иднина.
По повод Меѓународниот ден на семејството утре на Филзофскиот факултет ќе се одржи работилница под наслов „Сите семејства се еднакви”, на која децата од француското интернационално училиште „EFIS” ќе цртаат цртежи и ќе пишуваат мисли и поеми на тема „еднакви семејства”, под менторство на студентите од семејни студии.
Изработените цртежи и стихови ќе бидат прикачени во Библиотеката за семејни студии, како изложба по повод Меѓународниот ден на семејството.