Северна Кореја подготвена за состанок со САД „под одредени услови“

Од:

Пјонгјанг е подготвен за состанок со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заради преговарање „доколку за тоа се создадат услови“, изјави денеска високата севернокорејска дипломатска функционерка, Шои Сун-хи, која е задолжена за односи со САД.

Таа тоа го кажа во кусата изјава за новинари во Пекинг, на пат за Пјонгјанг од Норвешка, каде ја предводеше делегацијата, која имаше неформален состанок со поранешни американски функционери и експерти.

Чои не прецизираше за какви услови станува збор, но нејзиниот коментар ја наговести можноста САД и Северна Кореја да се вратат на преговарачката маса прв пат од 2008 година, кога шестстраните преговори за нуклеарната вооружена програма на Пјонгјанг беа прекинати.

Чои во Норвешка се состана со поранешни америански функционери и експерти поради преговори кои опфатија серија нуклеарни, безбедносни и билатерални прашања.

Американскиот претседател Доналд Трамп овој месец ја отвори вратата за такви преговори изјавувајќи дека би му било чест да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски