Политичка криза во Австрија: Канцеларот Керн не сака предвремени избори

Од:

Австрискиот канцелар и лидер на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), Кристијан Керн денеска се спротивстави на идејата на министерот за надворешни работи и најверојатен иден лидер на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), Себастијан Курц за одржување предвремени парламентарни избори во земјата.

Како што јави ДПА, Керн нагласи дека доколку ОВП реши да ја напушти владината коалиција со социјалдемократите, СПО е подготвена да формира малцинска влада со поддршка на другите партии, која би управувала со земјата до редовните избори следната година.

– Не сакаме нови избори. Доколку биде потребно ќе се обидеме да најдеме политчки решенија во Парламентот со промена на мнозинството, изјави Керн за весникот „Ди Пресе“.

Политичките превирања во Австрија ескалираа во средата, откако дотогашниот вицеканцелар и лидер на ОВП, Рајнхолд Митерленер поднесе оставка на двете функции.

По оставката на Митерленер првите луѓе на австриските сојузни покраини од редовите на ОВП, вчера побараа од Курц да го преземе раководењето со партијата. Седницата на раководството на ОВП на која ќе се избира новиот лидер ќе се одржи в недела и според аналитичарите речиси е сигурно дека тоа место ќе го заземе Курц.

Курц денеска на прес-конференција се заложи за раскинување на владината коалиција меѓу СПО и ОВП, бидејќи како што рече сегашната Влада „не може да работи во корист на граѓаните“ и се заложи за одржување предвремени парламентрани избори.

Тој нагласи дека добил понуда за опстојување на сегашната Влада со смена „на само некои глави и се да продолжи како ништо да не се случило“.

– Верувам дека предвремените избори се вистински пат за промени во Австрија и дека треба да се прекине континуираната предизборна кампања што се води, потенцираше Курц.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник