Лагард: Потребно е повеќе време за постигнување на договор за грчкиот долг

Од:

На Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и владите на земјите членки на евро зоната потребно им е повеќе време за да постигнат договор за долгот на Грција, изјави директорката на ММФ, Кристин Лагард на средбата на министрите за финансии и директорите на централните банки на Г-7, што се одржува во италијанскиот град Бари.

Претставници на евро зоната и Лагард утрово разговараа за олеснување на грчкиот долг, што Еврогрупата го вети во мај 2016 година, но при строги услови.

– Ќе продолжам да работам на тој пакет за олеснување на долгот. Се уште многу работи не се јасни. Европските партнери треба да се попрецизни за олеснување на долгот, што е наталожен, истакна Лагард.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он