Демант од ЈСП Скопје

Од:

„ЈСП СКОПЈЕ го демантира во целост текстот со наслов „Се запали автобус на ЈСП кај Миладиновци“ објавен на 12.05.2017 година на порталот А1он.мк, со образложение дека истиот е во целост невистинит, бидејќи воопшто не станувало збор за пожар.

Станува збор за возилото со гаражен број 1052 на линијата 66, кој за момент загубил воздух. Возачот на автобусот, по консултации со сервисните служби на ЈСП СКОПЈЕ, го рестартирал возилото и продолжил да вози безбедно.

Ги замолуваме и воедно ги упатуваме истражувачките новинари на овој портал, кога пишуваат сторија за случки за кои немаат елементарно познавање, како што беше со наведениот текст каде е директно посочено ЈСП СКОПЈЕ, да се информираат директно во претпријатието, од причини за точно информирање на настаните“ се вели во демантот од ЈСП.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он