Норвежанец издаде „стихозбирка” од изјавите на Доналд Трамп

Од:

„Ги знаеме зборовите. Ги имам најдобрите зборови”, рече во една прилика Доналд Трамп. Сега неговите зборови се собрани, речиси необработени, во „стихозбирка” издадена вчера во Норвешка, пренесе БТА.

– Она кое Трамп го говори е поблиску до поезијата и фантастиката, отколку до реалноста. Морничавото е што толку необмислена и слабо подготвена реторика му донесе победа на изборите, изјави за весникот „Афтенпостен“ авторот на книгата, Норвежанецот Крис Фелт.

Книгата неслучајно е насловена „Да ја направиме поезијата повторно голема” (Make poetry great again) и е составена исклучиво од изрази, крилатици, приречици и изјави во интервјуа и јавни говори на американскиот претседател.

Да издвоиме само дел од „мудростите“ на Трамп, кажани на сметка на неговата ќерка Иванка пред десетина години:

„Реков,
Ако Иванка
Не ми беше ќерка,
Можеби
Ќе излезев со неа на состанок.”

Според издавачката куќа, збирката чини 299 круни (32 евра) и има првичен тираж од 2.000 примероци, од коишто еден бил испратен и до Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма