СДСМ: Ќе бидат дадени бараните гаранции, да престане веднаш неразумното блокирање на демократските процеси

Од:

Од СДСМ преку соопштение порачуваат дека ќе ги дадат потребните гаранции за унитарноста на државата и апелираат Иванов да го даде мандатот.

„Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев.

Поради блокираните демократски процеси, Македонија се соочува со проблеми кои им штетат на граѓаните и целиот државен систем. Таквата блокада ќе кулминира в понеделник кога истекува мандатот на градоначалниците и Советите на општините.

Вработени во општините, наставници, ќе останат без плати и надоместоци. Граѓаните не ќе можат да ги добиваат потребните услуги од општините.

На тој начин, уште повеќе ќе се усложни ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и Р. Македонија. Затоа, потребен е итен и мирен транфер на власта, со цел Македонија што побрзо да добие функционални институции.

Апелираме до сите, вклучително и до Иванов, конструктивно да се вклучат во демократските процеси, да делуваат совесно и одговорно и час поскоро да овозможат мирен трансфер на власта и формирање нова реформска Влада.

Програмата на новата Влада ја гарантира унитарноста на државата, работа според Уставот и ќе ги отвори евро-атланските перспективи на Македонија.

Ќе бидат дадени и бараните гаранции со што завршуваат сите неразумни изговори за блокирањето на демократските процеси.

Секое постапување спротивно на државниот интерес да се избере нова Влада и да се стабилизира државата е противуставно казниво дело“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он