Околу 1.000 хектари лозје и овошни насади се оштетени во Штипско од годинашниот пролетен мраз што, според проценките, е пет милиони евра загуба. До вчера, како што соопшти Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вкупно 650 земјоделци доставиле барања за обесштетување.
Пријавувањето на штетите заврши вчера, а две комсии за проценка веќе работат на терен.
Во Лакавичкиот регион штетите се 70 до 100 отсто кај лозовите и овошните насади, а во тек е увидот во Карбинскиот регион.
Земјоделците очекуваат дека откако комисиите ќе ги извршат проценките ќе го добијат и обесштетувањето од Платежната агенција.
Во штипско-карбинскиот регион штетите се проценуваат на 70 до 100 отсто на лозовите и овошните насади.