Македонски и турски компании ќе ја зајакнуваат соработката

Од:

Делегација на стопанственици од Република Турција оствари бизнис средби со компании членови на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во рамки на бизнис форумот извршниот директор на ССК Александар Зарков потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Федерацијата на индустријалци и бизнисмени од Истанбул (ИСИФЕД) Муамер Омероглу. Целта на Меморандумот е зајакнување на деловната соработка со компаниите од Република Турција.

– ССК продолжува да ја зајакнува соработката со бизнис организациите од Република Турција. Делегација од 25 бизнисмени од ИСИФЕД остварија Б2Б средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија. Транспорт, градежништво, инженеринг, автомобилска индустрија, туризам, услуги, се секторите кои имаат потенцијал за јакнење на соработката. Нашите заложби се да влијаеме на зголемување на трговската размена со Турција и заеднички ќе работиме на стратегија за поизедначена трговска размена. Веруваме дека бизнис средбите ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но исто така има и иницијативи за заеднички вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија и тоа во туризам, прехранбената индустрија како и текстилната индустрија. Ги разгледуваме потенцијалите преку заедничка соработка да настапуваме на пазарот на Европската Унија и Блискиот Исток, рече Зарков.

Претседателот на ИСИФЕД, Омероглу истакна дека станува збор за најмоќна секторска федерација во која членуваат дополнителни 8 асоцијации на индустиријалци на успешни бизнисмени. Нивната главна улога е во застапување на интересите на малите и средните компании кои имаат голем придонес во севкупната економијата на Република Турција.

Во рамки на бизнис форумот од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот беа презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

Од 2007 година трговската размена меѓу двете земји постојано има нагорен тренд, а Турција е една од земјите со најголем број инвестиции во Македонија. Трговската размена меѓу Македонија и Турција лани изнесувала 379 милиони евра, а пак во 2015 година 354 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ